Атлетико Мадрид го победи Јувентус со 2-0 и направи голем чекор напред кон четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот Диего Симеоне првиот гол на Хименез го прослави на скандалозен начин, фаќајќи се за меѓуножјето. И потоа објасни дека потегот го направил од срце.
„Признавам дека тоа не е убава гестикулација, но во тој момент мислев дека треба да ја направам. Беше многу тежок натпревар и ние се боревме храбро. Тоа сакав да го истакнам. Се извинувам доколку навредив некого, но, искрено тоа го направив од срце“, изјави Диего Симеоне по триумфот над италијанскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА