Лудница во ЛА: Дончиќ двапати го спасуваше Далас, па донесе победа против Лејкерс (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс во „Крипто арената“ во ЛА откако гостите по две продолженија во трилер меч славеа со 115-119.

Дончиќ со две тројки во регуларниот дел и во првото продолжение го спасуваше својот тим од пораз, а на крај мечот го заврши со нов трипл-дабл (35п. 14. и 12а.). Кај поразените Расел Вестбрук заврши со 28 поени.

Во дербито на истокот Бостон Селтикс славеше на гостувањето кај Бруклин Нетс со 98-109, додека залудни беа 50 поени на Демјен Лилард во поразот на неговиот Портланд од Кливленд 113-119. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Оклахома 114-133, Мајами – Милвоки 108-102 и Торонто – Шарлот 124-114.

Се вчитува...