Металург ја одбрани титулата младински првак на Македонија откако во финалето од фајналфор турнирот попладнево по голема битка славеше над Охрид со минимални 31-30.
Охриѓани имаат одличен млад тим, беа и домаќини на завршниот турнир, но сепак не успеаја да го симнат Металург од тронот на младинскиот ракомет. Завршницата беше суперинтересна, Металург имаше удобни 29-25, но Охрид ја искористи предноста од двајца ракометари повеќе и да израмни на 29-29.
Во самата завршница поладни глави имаа „металурзите“, кои го реализираа последниот напад, и тоа од втор обид, и се задржаа на тронот.
фото: ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА