Лудо последно коло во Бундеслигата – Кил успеа да ја одбрани титулата

Лудо последно коло ни донесе веројатно најдолгата сезона во историјата на ракометната Бундеслига. Кил успеа да ја одбрани титулата откако во последното коло во трилер меч ремизираше на гостувањето кај Рајн Некар Левен со 25-25. Енди Шмид имаше шут за победа со која Кил ќе го освоеше трофејот, но искусниот Швајцарски ракометар биеше покрај голот.

Фленсбург забележа пирова победа против Балинген од 38-26 која не беше доволна за титула. Ова за Кил е 22 титула во Бундеслигата со која е апсолутен рекордер.

Од македонските интернационалци Мартин Томовски го одигра последниот меч за Лудвигсхафен во поразот од Гепинген од 25-27, а Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт одиграа нерешено против Мелсунген 26-26.

Победи остварија Филип Миркуловски со Вецлар над Минден со 28-25 и Филип Кузмановски со Хановер над Лајцпиг со 31-28.

 

 

Се вчитува...