„Лудо“ прво полувреме во Мадрид (видео)

Атлетико Мадрид и Севилја ремизираа 2-2 во дербито на колото од шпанскиот шампионат, меч што го одбележа извонредното прво полувреме во кое беа постигнати четирите погодоци.

Севилја прва дојде во водство преку Де Јонг, а на 1-1 од пенал израмни Мората, прекинувајќи ја „црната серија“ од осум натпревари без постигнат погодок. Жоао Феликс го совлада гостинскиот голман и донесе радост на „Ванда“, но Окампос од пенал ги постави конечните 2-2 пред самиот крај на второто полувреме.

Севилја со овој резултат остана со два бода предност во однос на Атлетико, во трката за место на табелата кое носи во ЛШ во следната сезона.

Се вчитува...