Лудото грчко дерби: Нан со фаул за во затвор! (ВИДЕО)

Панатинаикос и Олимпијакос го одиграа третиот натпревар од финалната серија во грчкото првенство по кој гостите од Пиреја стигнаа до „брејк“ и победа од освојување на шампионската титула.

Ниту третиот натпревар од серијата не помина без инцидент. Овој пат иницијаторот беше Кендрик Нан, американскиот кошаркар на Пао кој направи брутален фаул против Еван Фурние.

Брзата интервенција на Мекисик го спречи Французинот да започне физичка пресметка, но и покрај тоа тој беше исклучен само неколку минути подоцна бидејќи влезе во конфликт со публиката.

Се вчитува...