Луис де ла Фуенте, генијалецот зад шпанскиот успех

Секоја чест за сите шпански фудбалери за оствареното во последните години, но ако треба да се бира МВП во „црвената фурија“, тоа може да биде само еден. Не Родри, ниту Јамал ниту било кој друг, освен селекторот Луис де ла Фуенте.

Многумина беа шокирани од одлуката на федерацијата кога по оставката на Луис Енрике (по елиминацијата од Мароко на СП 2022 во Катар) изборот за нов селектор падна токму врз Де ла Фуенте, симпатичниот ќелавко кој дотогаш работеше со младите селекции.

Де ла Фуенте имаше европска титула со У19 освоена во 2015 година, четири години подоцна со младинската селекција на Шпанија стигна и до круна во У21 селекцијата.

За голем дел од аналитичарите тоа не беше доволно, но луѓето од федерацијата веруваа во човек кој го знае системот – и не погрешија. Трофеј во Лигата на Нации, потоа на ЕВРО 2024, а серијата успеси беше крунисана со оваа титула на СП 2026. Со серија од 38 натпревари без пораз, најдолга во историјата на репрезентативниот фудбал.

Затоа, капата долу и наклон до под за Луис де ла Фуенте…

Се вчитува...