Луис Дијаз донесе победа на Колумбија

Колумбија по осум години се врати на светските шампионати и стигна до победа, на мечот во кој за противник го имаше дебитантот Узбекистан (3-1). Во главна улога беше Луис Дијаз, крилниот офанзивец на Баерн Минхен кој беше незапирлив и со еден гол и една асистенција ја донесе победата на јужноамериканската селекција.

Дијаз го погоди дирекот во раната фаза од мечот, по што асистираше до Муњоз при водечкиот погодок за Колумбија. Узбекистан (на чија клупа седи Фабио Канаваро) успеа да стигне до израмнување преку Фајзулаев во 60. минута, но радоста кратко траеше бидејќи Колумбија преку Дијаз експресно се врати во водство.

Узбекистанците не се предадоа, во 90. минута имаа одлична шанса преку Мозговој, по што Колумбија во судиското продолжение преку „резервистот“ Кампаз стави печат на победата.

Се вчитува...