Баерн Минхен заврши извонредна работа со потписот на Луис Дијаз од Ливерпул минатото лето, колумбискиот ас не само што експресно се адаптираше, туку и стана незаменлив дел од атомското трио на баварскиот гигант заедно со Олис и со Хари Кејн.
Дијаз имаше 26 гола и 19 асистенции во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона во дресот на Баерн, со што баварците заслужено го добија признанието за „трансфер на сезоната 2025/26 во изборот на специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“.
На второто место во ова рангирање на „Goal.com“ се најде Рајан Шерки, кој имаше импресивна прва сезона по трансферот од Лион во Манчестер Сити, додека третопласиран е Дониел Мален, кој во јануари дојде на позајмица од Астон Вила во Рома и ја лансираше „волчицата“, која на крајот стигна и до билет за влез во Лигата на Шампионите.
Зад Мален во рангирање се наоѓаат Диоманде (од Леганес во Лајпциг), како и Гранит Џака со преселбата од Баер Леверкузен во Сандерленд, а место во Топ 10 од овој ранкинг има и за голманот на Барселона, Жоан Гарсија, Џонатан Тах од Баерн, Луис Суарез од Спортинг Лисабон, Лука Модриќ од Милан и Лука Вушковиќ од Хамбургер.
Листата од најдобрите 20 трансфери во фудбалска Европа за сезоната 2025/26 можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
