Луис Енрике го продолжи договорот со европскиот шампион

Луис Енрике ќе остане на клупата на ПСЖ до летото 2030 година, откако францускиот шампион го продолжи договорот со шпанскиот стратег.

Енрике пристигна во Париз во 2023 година и за релативно краток период успеа да го подигне клубот на највисоко европско ниво. Под негово водство ПСЖ дватпати по ред триумфира во Лигата на шампионите, а во француската Лига 1 освои три титули.

Со продолжувањето на соработката, ПСЖ му дава целосна поддршка на тренерот кој во последните сезони го предводеше клубот до историски успеси и создаде тим способен повторно да се бори за европскиот врв.

„Ова е мојата четврта сезона во клубот. Никогаш досега не сум останал толку долго на едно место како тренер, но имам голема доверба во клубот и навивачите и се надевам дека ќе продолжам уште долго“, изјави Енрике по потпишувањето на новиот договор.

Покрај Енрике, клубот ги продолжи договорите и со неколку важни фудбалери. Фабијан Руиз ќе остане до 2028 година, додека Вилијан Пачо, Жоао Невеш, Лукас Бералдо и Сени Мајулу потпишаа договори до 2031 година.

Се вчитува...