Луис Енрике коментираше за „фудбалот без навивачи“ и го изнасмеа светот

Состојбата во светот на спортот полека се враќа во нормала, по целосниот прекин поради коронавирусот. Но, прашање е колку време ќе биде потребно за одредени фудбалски лиги да се активираат повторно.

А, по враќањето на терен за спортистите, потоа ќе мора полека да се воведува и публиката на стадионите затоа што добро е познато дека фудбалот се игра токму заради навивачите. Се поотворени се размислувањата дека апсурдно е да се игра пред празни трибини.

Свој коментар на сето тоа даде и Луис Енрике. Коментар кој го изнасмеа светот.

„Играњето фудбал без навивачи е потажно од танцот со својата сестра“ – напиша Луис Енрике.

Се вчитува...