Португалскиот ас, Луис Фиго не верува дека Реал Мадрид има сили да се бори за трофејот во Лигата на шампионите сезонава.
Фиго ги одбра двата тима кои се со најголеми шанси за титулата…
„Тоа дефинитивно се Манчестер сити и Баерн Минхен. Мислам дека еден од нив ќе дојде до трофејот, иако ќе треба да се борат со Реал Мадрид. Интер, пак, има прекомплицирана ситуација“ – вели Фиго.
Како што е познато, во четвртфиналето на ЛШ ќе играат Манчестер сити и Баерн, што според судот на Фиго ќе значи дека еден од нив ќе стигне и до трофејот. Останатите четвртфинални двојки се Реал Мадрид – Челси, Интер – Бенфика како и Милан – Наполи. Првите натпревари се играат на 11/12. април, а реваншите се една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА