Луис Хамилтон до нова пол-позиција, катастрофа за Ферари

Доминацијата на Луис Хамилтон продолжи и за време на денешните квалификации за белгиското гран-при, во кои актуелниот светски првак извозе перфектен круг и се избори за нова пол-позиција. Асот на Мерцедес беше извонреден на овие квалификации, остварувајќи време од 1:41.252, што беше за повеќе од половина секунда подобро од второпласираниот Валтери Ботас.

Третото место во денешните квалификации му припадна на Ферстапен, зад кого се пласирааа Рикиардо, Албон, Окон, Саинц, Перез, Строл и Норис.

Денешните квалификации донесоа и ново фијаско за тимот на Ферари. Болидите на италијанскиот Ф-1 тим беа далеку под посакуваното ниво, ниту Леклер ниту Фетел не успеаја да се пласираат во последната квалификациска рунда, па утрешната трка ќе ја стартуваат од 13. и од 14. позиција.

Ова е петта овосезонска пол-позиција за Хамилтон, вкупно 93. во кариерата за актуелниот светски шампион.

Се вчитува...