Луис Хамилтон наскоро ќе го продолжи договорот со Мерцедес?

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, најави дека овој тим наскоро би можел да потпише нов договор со Луис Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион е врзан за „сребрените стрели“ до 2023 година, но таа соработка може да трае многу подолго.

„Многу зборувам со Луис. Пред некој ден ми рече: Мислам дека има уште најмалку пет години во него, што мислиш за тоа. Знам дека тоа е вистина. Луис секогаш е реален за себе и тој би бил првиот што би рекол дека не може повеќе“, изјави Волф.

Хамилтон има 37 години и новиот договор практично би значел дека и на 40 години би бил во болидот на Формула 1.

Се вчитува...