Луис Хамилтон: Сакам да ме паметите како „револуционер“, човек кој се борел за промените во општеството

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, рече дека би сакал да го паметат како „револуционер“, човекот што донел промени. Британецот минатата година зеде активно учество во движењето „Црните животи имаат значење“. Тој неодамна изјави дека во новата сезона титулата не е неговата единствена цел, па тој се надева дека ќе придонесе за промените во општеството.

Луис откри дека тој ќе се бори за правата на луѓето, без оглед на нивната боја, раса или религија, па верува дека како таков и ќе го паметат фановите.

„Како револуционер, човек кој носи промени, така сакам да ме паметат. Глас кој се бореше за еднаквост. Нешто такво. Говорејќи за минатата година, би рекол дека одлуката да се борам за промени беше една од најхрабрите што ја донесов во мојата кариера“, рече Хамилтон.

Инаку, сезоната во Формула 1 започнува претстојниот викенд во Бахреин.

Се вчитува...