Луис Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид!

Луис Суарез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Како што и беше најавено изминативе денови, доцна синоќа Барселона и официјално потврди дека 33-годишниот Уругваец е продаден на ривалот од Мадрид.

И Атлетико Мадрид официјално го потврди доаѓањето на Суарез, како слободен фудбалер во нивниот тим, но сеедно, „јорганџиите“ ќе и платат на каталонскиот тим околу шест милиони евра. Суарез за Атлетико потпиша двегодишен договор за плата од девет милиони евра.

 

Суарез денеска ќе има последно обраќање на „Камп ноу“, по што се сели во Мадрид каде ја продолжува својата кариера.

 

Изминативе шест години Луис Суарез беше дел од Барселона за која на 283 одиграни натпревари постигна и 198 погодоци.

Се вчитува...