Луис Суарез е позитивен на коронавирус

Луис Суарез е најновиот врвен фудбалер што стана позитивен на коронавирус откако го напушти клубот и настапи за својата репрезентација. На најновот тестирање на Уругвајската Фудбалска Федерација било утврдено дека голгетерот на Атлетико Мадрид е еден од двајцата позитивни на Covid-19, заедно со голманот Родриго Муњоз.

„Најновите тестирања покажаа дека позитивни се Суарез и Муњоз, откако минатата седмица позитивен беше тестот на Матијас Виња“, објави „куќата на фудбалот“ од Уругвај.

Ова е сериозен проблем за Диего Симеоне со оглед на фактот дека Суарез нема да може да настапи на дербито против својот поранешен клуб Барселона закажано за в сабота.

Се вчитува...