Лука Дончиќ и Далас се запишаа во историјата со серија од 30-0 (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и неговите соиграчи во Далас Маверикс се запишаа во историјата на НБА лигата откако во натпреварот против Оклахома Сити Тандер остварија серија од 30-0, што е најдолгата низа без примен кош во најсилното кошаркарско првенство.

Далас имаше негатива од 87-111 пред да тргне во невозможната мисија, а благодарение на одличниот Словенец кој диригираше во нападот успеа да поведе со 117-111 на четири минути и 18 секунди до крајот. Сепак гостите навремено се консолидираа па на крајот успеаја да стигнат и до победа.

Се вчитува...