Лука Дончиќ сам го реши Милвоки, Клиперс ја доби драмата со Феникс (ВИДЕО)

Во еден од најинтересните натпревари на вечерта во НБА лигата, ЛА Клиперс со 113-103 славеше против Феникс. Џорџ постигна 33 поени, а Каваи Леонард – 27 поени. Кај гостите Букер беше најефикасен со 24 поени.

Чикаго во Торонто славеше против Репторс со 122-113. ЛаВајн со 22 поени и 13 скока предводеше кај гостите, а Бучер со 38 поени и 19 скока за канадскиот тим.

Лука Дончиќ со 27 поени и по девет скока и асистенции го водеше Далас до триумф над Милвоки од 116-101, додека Порзингис постигна 26 поени, дополнети и со 17 скока.

Портланд загуби од Јута со 122-103. Кобна за гостите беше третата четвртина која домашните ја добија со 40-19 и на тој начин ја најавија победата на мечот.

Мичел со 37 поени предводеше во победата на Јута, Руди Гоберт заврши со 18 поени и 21 скок, додека Инглс постигна 13 поени. Кај Портланд се издвои Демијан Лилард со 23 поени, а МекКалум постигна 19 поени.

Мајами славеше против ЛА Лејкерс со 110-104, на крилјата на Џими Батлер кој постигна 28 поени. Оладипо дополни со 18 поени, а кај Лејкерс најдобар беше Колдвел-Поуп со 28 поени.

 

Се вчитува...