Лука Дончиќ со „луди потези“ го доби дуелот со Богдановиќ… (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и неговиот Далас триумфираа против Атланта со 109-95 на синоќешниот натпревар во НБА лигата.

Словенецот одигра одличен натпревар завршувајќи со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенции. На спротивната страна, српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ дуелот го заврши со 17 постигнати поени.

На останатите средби од синоќешната програма Денвер загуби со 100-102 од ЛА Клиперс, Голден Стејт славеше на гостувањето против Хјустон со 110-133, Њујорк го победи Сакраменто со 120-109 а Филаделфија на гости го победи Мајами со 105-109.

Се вчитува...