Лука Дончиќ со нов рекорд во историјата на НБА-лигата

Лука Дончиќ продолжува да урива рекорди во НБА-лигата откако Словенецот одигра извонреден дуел против Вашингтон. Асистенцијата при победничкиот кош за Далас беше вкупно дваесетта за Дончиќ на средбата, со што асот на Маверикс го заврши мечот со 31 поен, 20 асистенции и 12 скокови.

Со тоа, Лука стана само четврти кошаркар во историјата што успеал да оствари трипл-дабл со најмалку 30 поени и најмалку 20 асистенции. Претходно, тоа им има успеано само на Расел Вестбрук, Меџик Џонсон и на Оскар Робертсон.

Сепак, Дончиќ е првиот кој стигнал до 30 поени и 20 асистенции, притоа имајќи само една единствена загубена топка на натпреварот.

Секако дека чувството е одлично… мојот трипл-дабл, победата на тимот. Сепак, најзадоволен сум што имав само една загубена топка, тоа е фантастично“, изјави Дончиќ по натпреварот.

Се вчитува...