Лука Дончиќ со партија на животот – Го сруши и големиот Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Лука Дончиќ во победата на Далас над Сан Антонио од 123-109 одигра партија за аналите на НБА лигата.

Дончиќ за 36 минути постигна 32 поени со што беше најефикасен на мечот заедно со соиграчот Порзингис. Но, никој не може да се мери со Дончиќ по учинокот во останатите клучни категории. Беше најдобар скокач (12) и асистент (15) за „трипл-дабл“ со кој по којзнае кој пат се израмни со најголемите кошаркари на сите времиња.

За Дончиќ ова е 18-ти меч на кој стигнал до „трипл-дабл“ со 30 поени, со што ги надмина Џордан, Меџик и Лари Бирд. Интересно, тие имаа по 17 или 16 такви мечеви и тоа достигнувајќи го тоа длабоко во четвртата деценија од своите животи при крајот на кошаркарските кариера. А, Дончиќ до тоа стигна со само 22 години. Пред него сега во ова достигнување се Чемберлен, Харден, Леброн Џејмс, Вестбрук и Робертсон.

Покрај тоа Лука се проби и на второто место на сите времиња што се однесува до напревар со ефект од 30/12/15, шеста за него таква партија. Пред него е само Робертсон со 16 такви натпревари.

Се вчитува...