Лука и Далас поставија нов НБА рекорд против франшизата на Мајкл Џордан

Кошаркарите на Далас Маверикс славеа против Шарлот Хорнетс со 127-59 во претсезонски натпревар од НБА лигата. Со овој триумф со разлика од 68 поени против франшизата на Мајкл Џордан, тимот стигна до најголемата победа во историјата на претсезоната и воедно го изедначи рекордот за највисока победа во историјата на НБА лигата.

Истите 68 поени разлика беа на семафорот и во 1991 година кога „лошите момци“ на Детроит Пистонс го празнесоа Мајами Хит со 148-80.

Предводник на Далас до големата победа беше Тим Хардавеј Џуниор со 20 поени и 4 скока, 17 поени и 9 скока додаде Криштапс Порзингис, а Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 10 поени, 8 асистенции и 4 скока за 25 минути поминати во игра.

Се вчитува...