Лука Јовиќ добива уште една шанса на „Сантијаго Бернабеу“

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ нема да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната. Тој ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона, откако тренерот Зинедин Зидан одлучил да му даде уште една шанса. Се споменуваше негово заминување на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт или во Милан, во Наполи, но најверојатно тој ќе остане и понатаму во „кралскиот клуб“.

Јовиќ не ја стартуваше одисејата во Реал Мадрид според посакувањата, има сезона за заборав, немаше многу светли моменти на теренот, а не се покажа како позитивен пример ниту со однесувањето надвор од него. Медиумите го растргнаа и најавуваа заминување, но се чини дека така не мисли и Зинедин Зидан.

Реал Мадрид ќе се обиде да направи атомски напад со Килијан Мбапе и со Ерлинг Халанд, но многу веројатно дека тоа ќе биде во пресрет на сезоната 2021/22. Дотогаш Лука Јовиќ ќе има уште една можност за докажување.

 

 

Се вчитува...