Лука Јовиќ: Реал Мадрид беше една несреќна одлука за мене

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ воодушевуваше со игрите во Ајнтрахт Франкфурт каде постигна 40 голови плус и 12 асистенции во 93 натпревари за германскиот тим.

Па, потоа следеше големата понуда од Реал Мадрид која секако не може да се одбие. Ајнтрахт го продаде за 63 милиони евра, за да Јовиќ многу брзо потоа зажали за неговата преселба во кралскиот клуб.

„Прерано го напуштив Ајнтрахт Франкфурт. Се тргна по лошо од самиот почеток. Кога стигнав во Мадрид сите светла беа вперени кон мене. Беше тешко да се прилагодите брзо на една таква средина. Потоа со повредите, короната и неправедниот притисок беше тоа едно несреќно искуство за мене“ – вели Јовиќ потсетувајќи се на тие денови.

Во 51 меч за Реал, Јовиќ постигна само три гола. Набрзо медиумите од Шпанија го прогласија и за едно од најголемите трансфер промашувања во историјата на Реал Мадрид.

Летото 2021 година и дефинитивно си замина од Реал селејќи се во редовите на италијанската Фиорентина каде сега повторно ја буди својата заспана кариера.

Се вчитува...