Лука Јовиќ во фокусот на Манчестер Јунајтед

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ е на радарот на Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми. Менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер е голем фан на Србинот, кој по најголемиот трансфер во кариерата не се снајде баш најдобро во Реал Мадрид.

Србинот на „Сантијаго Бернабеу“ премина минатото лето од редовите на Ајнтрахф Франкфурт за сума од 60 милиони евра, но за „кралевите“ запиша само 15 натпревари на кои постигна два гола. Покрај Манчестер Јунајтед за неговите услуги е заинтересиран и италијанскиот Милан кој сака да го прошири ростерот во нападот како би можел да биде конкурентен за местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Покрај за Лука Јовиќ од Манчестер Јунајтед се заинтересирани и за Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Џек Грилиш од Астон Вила.

Се вчитува...