Лука Модриќ останува во Реал до крајот на договорот

Лука Модриќ останува во Реал Мадрид до крајот на договорот, пренесува шпански „Ас“. Искусниот хрватски фудбалер е веќе осум години член на кралскиот клуб, а сосема извесно останува и следната сезона.

Како што пишува „Ас, раководството на Реал Мадрид одлучи да го почитува договорот на Модриќ до самиот крај не размислувајќи за никаква продажба.

Модриќ во Реал е од 2012 година, а договорот го врзува до јуни 2021 година. Досега одигра 333 натпревари постигнувајќи 22 гола.

Се вчитува...