Лука Модриќ се сели во Саудиска Арабија?

Се повеќе се шпекулира околу новиот договор на Лука Модриќ со Реал Мадрид. На „ Сантијаго Бернабеу“ е позната традиција на играчите кои се таму подолго време да им се нуди едногодишен договор.

Актуелниот договор на Лука Модриќ истекува за три месеци, па прашање е што ќе биде со него во Мадрид. Реал не се огласува по ова прашање, а шпанските новинари пишуваат дека тој би можел да се пресели во Саудиска Арабија.

„Модриќ секогаш е еден од последните кои го напуштаат кампот на Реал во Валдебебас и постојано останува да работи дополнително во фитнес центарот. Сепак, Реал се уште не контактирал со него за нов договор, а камоли да му понуди. Клубот смета дека нема смисла да му се нуди среде борба за сите трофеи. Доколку Модриќ не ја добие понудата на Реал, Саудиска Арабија е најверојатната опција тој да ја продолжи кариерата“, пишуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...