Лука Модриќ влезе во одбрано друштво на фудбалери

Лука Модриќ доби шанса во последните десет минути во победата на Реал Мадрид на гостувањето против Кадиз, а со тоа хрватскиот репрезентативец успеа да се запише и историјата на најважната споредна работа на светот.

Имено, Модриќ е само 25 фудбалер во историјата кој успеал да стигне до 500 победи во професионалната кариера. Хрватот славеше 316 пати како фудбалер на Реал Мадрид, 94 пати во дресот на Динамо, 73 во дресот на Тотенхем, девет со Зрински и осум пати се радуваше на победа со Интер Запрешиќ.

Оваа листа ја предводи Кристијано Роналдо кој во кариерата забележа 642 победи.

 

Се вчитува...