Лука Станковски потпиша тригодишен договор со Работнички

Младиот и талентиран фудбалер за врска Лука Станковски потпиша професионален договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Тој стави потпис за верност на три години, а веќе сериозно се наметнува кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо во сениорскиот погон.

Лука Станковски е македонски репрезентативец и еден од најнадежните млади фудбалери во нашата земја. Тој е син на поранешниот тренер на Работнички и македонски репрезентативец Горан Станковски. Во сениорскиот тим на Работнички е и неговиот повозрасен брат, Марио Станковски.

Се вчитува...