Лука Станковски се сели во турски Газиантеп

Газиантеп во следните денови ќе го претстави Лука Станковски како ново засилување на екипата. Фудбалерот на Работнички ги договорил сите детали околу преминот во турскиот клуб, и остануваат само детали до комплетирањето на трансферот.

Станковски во минатото беше пред потпис со Монца, но трансферот пропадна во последен миг.

Станковски е дел од младинската репрезентација на Македонија до 21 година, а играше и за помладите селекции до 19, до 17 години.

Газиантеп есенскиот дел го заврши на деветото место на табелата, од 19 меча има осум победи, четири нерешени средби и седум порази.

Ако потпише, Станковски ќе биде првиот македонски фудбалер кој ќе настапува во овој клуб. Пред трансфер во Турција е и првиот стрелец Мартин Мирчевски кој треба деновиве да потпише со Маниса.

 

Се вчитува...