„Лука те пронаоѓа и без да те гледа“

Лука Дончиќ брзо се наметна како еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата. Словенското „џудо од дете“ од година во година е се подобар, а оваа покрај одличната поентерска улога се наметна и како еден од најдобрите асистенти во лигата.

Неговиот соиграч Дориан Финли-Смит не го криеше задоволството, ниту пофалбите за играње со 22-годишникот.

„Постојано ме наоѓа на паркетот. Ме наоѓа дури и кога не го очекувам тоа. Кога играш со него не знаеш што да очекуваш. Лука те пронаоѓа и без да те гледа“ – изјави кошаркарот на Далас.

Лука Дончиќ оваа сезона покрај тоа што бележи 28.5 поени, дополнува просек и од 9.3 асистенции и 7.6 скока по натпревар.

 

Се вчитува...