Лука Циндриќ од следната сезона се сели во Кјелце?

Хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ, кој беше јунак во победата на Вардар против Барселона за историското финале во ЛШ,  од следната сезона се сели во полскииот Кјелце.

Според информацијата што ја објави хрватскиот портал „Индекс“, 23-годишниот среден бек веќе го договорил трансферот во редовите на полскиот шампион и добил тригодишен договор.

Циндриќ кој со Вардар вчера во Келн ја прослави титулата во Лигата на шампионите, ќе остане во редовите на македонскиот шампион до истекот на договорот на крајот од следната сезона. За хрватскиот бек, според „Индекс“, биле заинтересирани и најголемите европски клубови – Барселона, Веспрем и Рајн Некар Левен, но Циндриќ сепак, се одлучил за полскиот тим кој од клупата го предводи Талант Душебаев.

Од Кјелце во Вардар минатата сезона дојде десното крило, Иван Чупиќ, а во обратна насока, од Скопје во редовите на полскиот шампион летово заминува десниот бек Алекс Душебаев.

index cindric

Се вчитува...