Лука Циндриќ од Вардар се сели во Кјелце?

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ, од 2018 година се сели во тимот на Кјелце како замена за Урош Зорман, објави специјализираниот ракометен портал handball-planet.com. Во наредната сезона хрватскиот репрезентативец останува во редовите на македонскиот шампион, а потоа ќе му се придружи на својот сегашен клупски колега, Алекса Душебаев во тимот на Кјелце.

Според порталот, полскиот шампион со време настојува да озбезбеди соодветна замена за 37-годишниот Словенец Урош Зорман кој неодамна го продолжи договорот со Кјелце за нареднаат сезона, а потоа најави дека ќе стави крај на играчката кариера, но најверојатно ќе остане ангажиран во полскиот тим. Кјелце на плејмејкерската позиција го има и Словенецот Дејан Бомбач.

Се вчитува...