Лукаку: Барселона е друга класа, има поголемо искуство од ПСЖ

Барселона славеше (0-1) на „Олд Трафорд“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, а белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку сепак смета дека неговиот тим може да возврати на „Камп Ноу“ во реваншот. На сличен начин „црвените ѓаволи“ победија во Париз и го елиминираа ПСЖ во претходната рунда, иако го загубија првиот меч во Манчестер.

„Барселона е друга класа, има поголемо искуство од ПСЖ на вакви големи европски натпревари, но тоа не значи дека Манчестер Јунајтед ќе се предаде. Ќе одиме да победиме на „Камп Ноу“. Можеме да постигнеме гол во Барселона и да се обидеме да го елиминираме противникот“, изјави Ромелу Лукаку.

Реваншот меѓу Барселона и Манчестер јунајтед ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 16 април.

Се вчитува...