Лукаку и дефинитивно си оди од Интер, Белгиецот се поздравил со Инзаги и соиграчите

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку го напушта Интер и е на чекор до враќање во редовите на Челси, каде играше од 2011-2014. „Сините“ понудија 130 милиони евра обештетување за Белгиецот и се подготвени да испратат еден фудбалер во Милано.

Според „Калчомеркато“, Лукаку вчера веќе разговарал со тренерот Симоне Инзаги и се поздравил со него и дел од соиграчите. Со мислите веќе е во Челси, а само мали детали го делат од реализација на трансферот.

Според шпекулациите фудбалерот иако во прв момент немаше желба да си оди од клубот, сепак оваа огромна понуда го премисли, а и тој самиот ќе заработи многу повеќе, бидејќи ќе добива плата од 12 милиони евра годишно.

Ова нема да им се допадне на навивачите на „нераѕурите“, кои вчера испратија заканувачки пораки до раководствот на клубот поради евентуалната продажба на Лукаку.

Се вчитува...