Лукаку: Ибрахимовиќ ме промени

Фудбалерот на Манчестер jунајтед, Ромелу Лукаку откри дека играњето покрај Златан Ибрахимовиќ било многу корисно за напредокот во неговата кариера.

„Се што слушнав и научив од него беше поучно и корисно. Знаеше да ми зборува за неговите искуства во Интер, Милан, Барселона и Ајакс. Бидејќи двајцата сме напаѓачи на тренинзи никогаш не игравме заедно, туку еден против друг. Се сеќавам на еден тренинг кога играше против мене како да е натпревар. Никогаш не му недостигаше инспирација да се бори за место во првиот тим“ – говореше Лукаку за соработката со Ибрахимовиќ. 

Ромелу Лукаку во тимот од „Олд Трафорд“ дојде во 2017 година од Евертон, а пак Ибрахимовиќ пристигна една година порано од редовите на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...