Лукаку се извини, ќе му прости ли Челси?

Ромело Лукаку на социјалните мрежи напиша извинување за  неговите зборови во интервјуто во кое го нападна Тухел и искажа дека еден ден ќе се врати во Интер, извинувајќи им се на навивачите на „нероазурите“.

„Сакам да се извинам. Ја знаете мојата врска со клубот уште кога бев тинејџер. Ја разбирам вашата загриженост. Се обидувам секој ден на тренинзите и на натпреварите да дадам се од себе и да ги добиваме натпреварите. Се извинувам и до менаџерот Тухел, и до соиграчите, до раководството. Тоа не беше вистинскит момент. Сакам да продолжиме понатаму и да почнеме да победуваме“, напиша Лукаку.

Дали сега Челси ќе му прости на Лукаку, или натаму ќе биде под суспензија останува да се види. Денеска се појави шпекулација дека клубот му подготвува глоба од пола милион евра.

Денеска Тухел имаше разговор со Лукаку, по кој веројатно се смирени страстите, спуштена е топката, и се очекува Лукаку брзо да се врати во тимот. А, дали ќе ја има и паричната казна, тоа ќе го потврди или демантира самиот клуб.

Се вчитува...