Челси стигна до 12. победа во Премиерлигата откако на гостувањето кај Астон Вила славеше со 1-3 по пресврт. Домаќините стигнаа до предност во 28. минута преку автоголот на Рис Џејмс, но актуелниот европски шампион доминираше во продолжението од средбата.
Жоржињо од пенал донесе изедначување во 34. минута, а пресвртот го донесе Ромелу Лукаку. Белгиецот влезе во игра во второто полувреме и веќе во 56. минута стрелеаше за 1-2, а потоа изнуди и пенал во судиското продолжение кој сигурниот изведувач од белата точка, Жоржињо повторно го претвори во гол.
Со овој триумф „сините“ се изедначија со Ливерпул на втората позиција на табелата, но со натпревар повеќе во однос на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА