Лукаку со најбрутално „предавство“ кон Интер: Трансфер во Милан!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку изминатава сезона не се прослави на позајмицата од Челси во дресот на Интер. Одигра лоша сезона, и согласно најавите се враќа во Челси по завршувањето на позајмицата за една недела.

Но, италијанските медиуми пренесуваат дека Лукаку секако нема да остане во Челси, но подготвува огромно предавство кон својот досегашен клуб. Италијанците тврдат дека следната сезона Белгиецот повторно ќе игра на позајмица во Серија А, но во дресот на Милан.

Според пишувањата на „Газета дело спорт“, Милан е сериозно заинтересиран за неговите услуги па веќе преговара со Челси за едногодишна позајмица на Лукаку, со можност потоа и за откупување на неговиот договор.

Се вчитува...