Лукаку завршува со Интер, Турам доаѓа на „Џузепе Меаца“

Интер на почетокот на оваа сезона го врати Ромело Лукаку од Челси како позамјен играч, меѓутоа Белгиецот не е ниту бледа сенка од неговата најдобра сезона во дресот на „нероазурите“ кога го освои Скудетото. Токму од тука Интер планира на крајот од сезоната да го врати голгетерот во Лондон, и да побара нов напаѓач.

Изборот наводно паднал на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам. Турам го привлече вниманието кон себе со игрите во Германија, но и за репрезентацијата на Франција. За него има интерес и од Јувентус како замена за Влаховиќ доколку замине во Реал Мадрид, како и од Милан, Баерн Минхен и од други клубови.

Турам речиси сигурно ќе ја напушти Борусија на крајот од сезоната, и тоа како слободен агент. Тешко дека ќе одолее на интересот од големите клубови.

Се вчитува...