Лукас Подолски станува хокеар

Легендарниот германски фудбалер, Лукас Подолски одлучи да се проба во уште еден спорт. Тој во моментов настапува за турскиот Анталијаспор, но одлучил да заигра и хокеј каде ќе биде дел од германскиот Колнер Хаје. Подолски овој клуб го спаси од банкрот, а имаше големо влијание во алармирањето на навивачите клубот да се спаси и вети дека дури и ќе заигра ако успее да продаде 100 илјади виртуелни билети.

„Среќен сум и сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа. Кога се ќе се смири, ќе седнам со клубот да видиме како ќе продолжи ова. Во секој случај, се радувам што ќе бидам играч на Хаје“, изјави Подолски. 

 

Се вчитува...