Љуљ ли е, Модриќ ли е – каков слалом на „кралот“ (видео)

Дриблингот со туркање на топката низ нозете на противникот е вообичаен за фудбалери, но Серхио Љуљ е кошаркарски волшебник, па покажа дека тоа е возможно и на кошаркарски терен, и тоа на меч од Евролигата против сериозен ривал каков што е Анадолу Ефес.

Шпанецот украде една топка, полета крај аут-линијата, а кога Круно Симон се обиде да му го попречи патот Хрватот само се посрамоти – Љуљ му ја протна топката низе нозе, го претрча од другата страна и на крајот рутински реализираше со положување.

А мадридските фанови имаат причина да ликуваат – Љуљ ли е, или Лука Модриќ…

Се вчитува...