Љупчо Марковски – Калц: Скопје заслужено повторно во елитата, ова е успех на играчите!

Шефот на стручниот штаб на Скопје, Љупчо Марковски – Калц не го криеше задоволството од враќањето на тимот повторно во Првата лига следната сезона.

На повеќе од доминантен начин тимот од Автокоманда стигна до првото место во Втората лига – Запад, на две кола до крајот на шампионатот со дури 11 бода предност во однос на второпласираните Охрид и Велешта.

„И повеќе од заслужено Скопје избори пласман во елитата. На две кола до крај 11 бода разлика покажува дека сме најдобар тим во Втората лига. Ова е успех на играчите од кои сум презадоволен за она што го дадоа сезонава. До крајот ќе ги одиграме двата натпревари чесно без никави калкулации“ – ни изјави Марковски веднаш по обезбедниот пласман во елитата, притоа најавувајќи дека Скопје ќе биде стабилен прволигаш во кој силно верува.

„Мора да нагласам дека ова е навистина голем успех што и две години по ред бевме во топ две екипи во втора лига, нешто кое ретко на кого му успеало во историјата“.

Се вчитува...