„Лут сум на Роналдо и Меси, поради нив мојот учинок изгледа смешно“

Легендарниот италијански фудбалер Филипо Инзаги кој во моментов е тренер на Беневенто призна дека е лут на Меси и Роналдо бидејќи неговите голгетерски рекорди по ерата на двата најдобри фудбалери изгледаат смешно. Инзаги фудбалската кариера ја заврши во 2012 година, а вкупно во европските натпреварувања постигна 70 гола, што беше еден од најдобрите учиноци до ерата на Меси и Роналдо. Португалецот досега во Европа има дадено 131 гол, а Меси 117.

„Роналдо го користам како пример во соблекувалната поради начинот на кој тренира и игра, но многу сум лут и на него и на Меси. Поради нив, мојот и учинокот на Раул изгледа скромно и бројката не е така импресивна како нивната“, изјави Инзаги. 

Инзаги покрај 11 години поминати во Милан, во кариерата настапуваше и за Јувентус, Аталанта, Парма и Пијаченца.

Се вчитува...