„Лузер на деценијата“ – Знаете ли кога Лукаку го освои последниот трофеј?

Ромелу Лукаку беше трагичарот на вчерашното финале во Лигата на Европа кое неговиот Интер го загуби од Севилја со 3-2. Белгиецот несмасно реагираше при постигнувањето на победничкиот гол на тимот од Андалузија.

Интересен е фактот што Лукаку последниот трофеј во кариерата го освоил далечната 2010 кога со Андерлехт го освои белгискиот шампионат. Оттогаш тој настапуваше за Челси, ВБА, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер и во овие десет години не успеа да се радува на ниту еден трофеј.

Белгиецот ќе мора да чека уште една сезона како би успеал конечно да се израдува на трофеј по кариерата по тој кој како тинејџер го освои со Андерлехт.

Се вчитува...