„Лузер“ на претсезоната: Денис Шредер потпиша едногодишен договор со Бостон

Денис Шредер е најголемиот губитник во претсезоната на НБА лигата. Имено, германскиот интернационалец кој претходната сезона го носеше дресот на Лејкерс сред сезоната одби продолжување на соработката со тимот од Лос Анџелес вредно 84 милиони долари за четири сезони со цел да добие договор од 100 до 200 милиони, а сега ќе потпише едногодишен договор со Бостон за 5,9 милиони долари.

Притоа Германецот нема да има загарантирано место во првата петорка под водство на новиот тренер Име Удока, кој ја има целата доверба од раководстовото на клубот за одлучување на минутажата на играчите.

Се вчитува...