М15: Убедливи победи на Феникс 2010, МЗТ Скопје, Спортисимо и ФМП

Откако оваа сабота беа одиграни Ф4 турнирите во младинските конкуренции за кошаркари под 16 и под 18 години во кои титулите заминаа во рацете на Работнички, односно Феникс 2010, младинската лига продолжи со натпреварите во конкуренцијата под 15 години.

Во првото елиминациско коло, Феникс 2010 запиша преубедлива победа над Ангели со 129-45, Спортисимо славеше против Баскет КАМ со 79-49, МЗТ Скопје го доби дуелот против Црн Дрим со 107-50, убедлив беше и тимот на Навико ФМП со 106-71, додека Партизан Водно Санс забележа службена победа против Пробаскет (20-0).

Во второто елиминациско коло овој четврток (17.06) ќе се сретнат:

11.30: Дино Баскет – Спортисимо

13.30: Вардар – Навико Академија ФМП

15.30: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

17.30: Партизан ВС – Феникс 2010

Се вчитува...