Мачаев го задржа појасот и испиша историја во УФЦ

УФЦ спектаклот во Филаделфија донесе историја откако Ислам Махачев стигна до триумф над Иан Мачадо Гери, со што стана прв борец во историјата на овој спорт со 17 победи во низа.

Махачев влезе во борбата рамо до рамо со рекордот на Андерсон Силва со по 16 победи, но со последниот триумф над Мачадо Гери си обезбеди место во историјата на УФЦ.

Борбата беше многу потешка за фаворитот отколку што се предвидуваше, особено по првите две рунди во кои Махачев доминираше, но предизвикувачот се врати и достојно се спротивстави до самиот крај. Сепак, судиите на крајот едногласно му ја доделија на Махачев.

За Дагестанецот ова беше и прва одбрана на титулата во велтер-категорија (до 77 килограми), со што ја продолжи својата доминација во октагонот.

Се вчитува...