Дебитантот во финалната серија, екипата на Маџари, вечерва значително ослабена ќе го започне нападот на титулата против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Првиот натпревар се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Од таборот на Маџари официјално потврдија дека во составот ќе го нема клучниот кошаркар Џејвон Грин. Поради повреда, Грин ќе мора да паузира одреден период. Ова е огромен хендикеп за гостите пред историскиот прв финален дуел.
„Овој натпревар денес е нешто за кое работевме напорно цела сезона. Да добиеме шанса да играме финале уште во првата година во Суперлигата е огромен успех за нас, но не сакаме да застанеме тука. МЗТ е одличен тим и мора да излеземе со многу енергија, борба и карактер. Ќе ни треба и поддршката од нашата публика — сакам навивачите на Маџари да бидат гласни и да нè носат напред во текот на целиот натпревар“, изјави Грин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
